1. Одбери активност
На оваа платформа можеш да започнеш од било каде. Доколку сакаш да вежбаш теорија, пробај ги квизовите! Ако пак сакаш визуелно да си претставиш некој експеримент што бил спомнат на часовите, можеш да провериш дали го има во делот за екперименти на платформата.
2. Одбери ниво
Квизовите, експериментите, па дури и интерактивните игри се поделени на различни нивоа. Ќе можеш да го одбереш твоето одделение и да решаваш задачи што се наменети токму за тебе! Доколку сакаш да истражуваш, можеш да ги разгледаш и прашањата за повисоките одделенија, но не мораш да ги одговараш!
3. Продлабочи го своето знаење
На крајот на квизовите и игрите ќе добиеш повратна информација, кои одговори ти биле точни, а кои грешни! Никој друг не може да го види твојот резултат. Оваа платформа не е наменета за оценување, туку за продлабочување на знаењето и учење од своите грешки.